ПЕРВЕРЗНА СМИСЛА ЗА ОСВЕТА: Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27. април!

АКЦИЈА
loading...

Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи и поранешен градоначалник на Центар на својот фејсбук профил вели дека е чудна правда што Сашо Тасевски на денешната владина седница едногласно е избран за директор на Бирото за јавна безбедност, токму на денот кога им се суди на учесниците во 27 април.

Дали станува збор за чудна правда или класична местенка со цел да се демотивира народот да се спротивстави на самоукинувањето на Македонија предвидено за 30-ти септември само времето ќе покаже.

„Првпат слушнав за него додека беше шеф на обезбедувањето (дел од МВР) во Амбасадата на САД. Од сите амбасадори, со кои лично работеше, добивав само пофални зборови за него. Ова е позитивен пример како се напредува во кариерата според квалитет и заслуга, бидејќи 20 години работи во МВР. И ете чудна правда: на денот кога во Кривичниот суд за денеска е закажано првото рочиште за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година, датум кога е и направена оваа фотографија и кога ја докажа своја висока професионалност, Тасевски е поставен за прв човек на БЈБ. Вистински професионалец на вистинско место – пишува Жерновски, пренесува Инфомакс.

И претходно пишувавме за случајните (?) совпаѓања во датумите со многу од контроверзните датуми кои ќе ја одбележат оваа влада.

На пример, датумот на одржување на референдумот се поклопува со роденденот на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој е роден токму на овој датум во 1972 година.

Минатата година Димитров за роденден го доби најголемиот подарок му се роди син. Тогаш Димитров напиша „Поголем подарок здравје“

По овој повод Димитров се огласи на Фејсбук и напиша:

„30 септември. Денот кога ќе ставиме точка за тоа кои сме и на каков јазик зборуваме, овој пат под наши услови. Денот кога сами ќе ги отвориме вратите кон НАТО. Кон ЕУ. Кон иднината. Денот кога конечно ќе излеземе од чекалната и привременоста. За да не’ биде, за да си ја зацврстиме државноста и за да создадеме услови за пристоен старт на следната генерација. 30 септември – љубов (кон татковината), вера (во нас самите) и надеж (во иднината). Ах да, и ова: 30 септември – родендени кај нас Димитрови“, напиша Димитров на својот фејсбук профил откако парламентот донесе одлука за распишување на референдумот.

Тој е и потписник на Договорот во Преспа, за кој граѓаните ќе гласаат на 30-ти септември. Уште една коинциденција е тоа што на самиот ден на потпишување на Договорот, се славеше, пак, роденденот на долгогодишниот медијатор во спорот, Метју Нимиц. Ден пред тоа ѝ беше роденден на Могерини.

Чисто колку да имаме во предвид, во случај датумиве да не се случајни: Роденден на Зоран Заев му е на 8-ми октомври, осум дена по референдумот. Останува да видиме дали и тој датум е резервиран за уште еден погубен удар за Македонија.

loading...