Ирена Ристиќ до Владата: 670.000 евра за цвеќенца околу Владата?! Една трева не сте кадарни да одржавате!

АКЦИЈА
loading...

Одекнаа остри реакции во јавноста по веста дека Владата ќе потроши 670 илјади евра за цвеќиња и нивно одржување во владините објекти. Актерката Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил прашува дали оваа сума е реална или пак нешто се заташкува.

-670.000 евра за цвеќенца околу Владата?! Што ќе прајте, бе?! Реплика на Гардн оф Идн?! Вистина ли е ова или пак има нешто за заташкуење?! Одма да кажете! Одма!! , пишува Ристиќ.

Коинцидентно, но паралелно на Твитер понудија и можен одговор.

“Владата ќе потроши 670.000 евра за цвеќе. Изгледа ѝ спремаат погреб на Македонија.“

Реакцијата на Ристиќ не застана таму. Во следниот пост таа им напиша:

„Цвеќенца ќе саделе они…
Една трева не сте кадарни да одржавате!

Да не беше комшивкана немаше да биде ни искосена!

Имаше овде пред некое време фино уреден хортикултурен простор, но брзо исчезна!

И нема потреба да ми објаснувате дека едното е централна, другото локална власт, коа исто ти се фаќа!

Све некадарници!

Но, не се сомневам дека ЦВЕЌЕНЦАТА по владините објекти ќе бидат боље опслужувани од самите граѓани, али сакам навреме да предупредам да то нече мочи!!!

По чему па владините да цутат, а јас у плевел, ѓубре и грди глетки да живеам!!

Пренаменете ги средствата за приоритети!!
Јебала вас хортикултура, вас јебала! (пардон)

Посадите ли ЦВЕЌЕНЦА, на улица ќе ви се посадам!!!

#мрш“

 

loading...