Графити низ Скопје: „Ко че коме, ако не Кочо своме“ (галерија)

АКЦИЈА
loading...

Рано утрово во центарот на Скопје на повеќе локации осамнаа графити на кои е испишана пораката: „Ко че коме, ако не Кочо своме“ упатувајќи очигледна порака до вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој во јавноста е познат по тендерите кои ги добива од државните институции.

Имено Анѓушев уште со самото стапнување на функција доби тендер од АД ЕЛЕМ во висина од 2.6 милиони евра, за потоа еден по еден да се нижат тендерите од голем број државни институции, а последниот во низа беше тендерот во кој Анѓушев зема 10 илјади евра од психијатриска болница.

Јавно.мк

loading...