Џејсон Мико: Во Англија Заев би го викале „milquetoast“ … А сите ги презираат таквите

АКЦИЈА
loading...

Раскол во Владата на Заев, или зариба неговата ПР машина?

Пишува: Џејсон Мико за Свест.мк

Ова беше лош месец за македонската Влада и за Зоран Заев. Се јавуваат расцепи во Владата, а и во добро подмачканата машина за односи со јавноста (за која се зборува дека вработува навистина многу луѓе) каде веќе е видливо дека зарибува. СДСМ тоне во анкетите, ВМРО-ДПМНЕ се качува, па Владата мора да ни носи мнозина од нејзините пријатели од странство во обид да си го подобри кредибилитетот и да ги реализира своите планови, меѓу кои најважен е планот да се смени македонското име, Уставот, историјата, културата, идентитетот и многу други нешта што ги прават Македонците и нивната земја уникатни.

Да почнеме со прашањето на просперитетот. Институтот Легатум, тинк-тенк од Лондон кој главно работи на извлекување на народите од сиромаштија, го објави својот Индекс на просперитет за 2017 година. Што велат за Македонија? Еве еден цитат: „Во Индексот на просперитет, во споредба со минатата година Македонија падна за две места, од 54 на 56 место. Од создавањето на Индексот на просперитет во 2006 година Македонија напредуваше 15 места“. Со други зборови, просперитетот на Македонија се подобрил за 15 позиции од 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта, но сега паѓа за две позиции, во време кога СДСМ е на власт. Тоа се фактите.

Да прејдеме на Бугарија. Заев годинава го прослави Илинден во Бугарија, заедно со неговиот добар пријател, бугарскиот премиер Бојко Борисов. Читателите се сеќаваат дека минатата година Македонија потпиша договор за „пријателство, добро соседски односи, еднорози, виножита, слатки мачиња и кутриња„ со Бугарија, во обид да ја добие бугарската поддршка, како и поддршката на ЕУ, САД и НАТО. Заев се надеваше дека ќе успее да го наметне овој договор во Македонија и дека се ќе биде добро во односите меѓу двете земји и народите. Но, Заев потоа направи грешка кога (во редок момент на искреност за него) рече дека Илинден е македонски празник. Ова изгледа дека е забрането да се спомнува во Бугарија. Бугарскиот премиер Борисов првично молчеше за ова, но откако беше прозван од други бугарски политичари, тој категорично рече дека Бугарија ќе ги запомни овие зборови од Заев кога ќе дојде време да го каже својот став за приемот на Македонија во ЕУ. Ова не е дури ни прикриена закана. Ова е директна закана.

И како премиерот на Република Македонија реагираше на ова? Тој набрзина се извини за неговата „грешка“ велејќи дека „Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство“. Заев се извини преку коментар на Фејсбук. Како што мојот пријател Цветин Чилиманов забележа, „пред само неколку месеци, Заев го предложи името ‘Илинденска Македонија како по-достоинствено решение на спорот за името. Неделава и се извини на Бугариај затоа што рекол дека Илинден е македонско востание’“. Но чекајте, има уште! Откако Заев се извини, бугарскиот премиер Румен Радев рече дека изјавата на Заев не е вистинско извинување, но само израз на жалење. „Дали ова извинување е доволно? Дали вие слушнавте извинување? Јас не слушнав. Фејсбук не е извинување“, изјави Радев. Тој воедно рече дека Бугарија треба да размисли за воведување санкции против Македонија.

Во англискиот јазик има еден уникатен американски збор кој би сакал да го одомаќинам во македонскиот јазик – “milquetoast” се однесува на човек кој постојано се повлекува, е покорен. Се надевам дека во некој иден македонски речник ќе го видам зборот „милктоуст, именка, види Заев, Зоран“. Зарем е можно до толку да биде за никаде овој, што знам, маж? Македонијо, исправи се веќе еднаш!

Би се чувствувал дека правам пропуст ако тука не го цитирам најголемиот писател на 20-иот век, Александар Солжењицин. Во неговиот говор во Америка пред 40 години (и во неговата книга „Предупредување до Западот“), Солжењицин и порача на публиката дека „самата идеологија на комунизмот, сите учења на Ленин, одат кон тоа дека човек е будала ако не го земе тоа што лежи пред него. Ако можете да грабнете нешто, грабнете го. Ако можете да нападнате, напаѓајте. Но, ако сте соочени со ѕид, повлечете се. Комунистичките водачи почитуваат само цврстина и ги презираат луѓето кои постојано попуштаат пред нив“. Тоа е тактиката на Бугарите и Грците. Тие се подготвени да го грабнат тоа што лежи пред нив, во случајов, Македонија. И ги презираат тие што постојано им попуштаат, односно Заев. Се сомневате во зборовите на Солжењицин? Погледнете само што се случи меѓу Борисов и Заев.

Да прејдеме на корупцијата. „Што?“, можеби ќе прашате, „па нели корупцијата беше елиминирана од страна на Владата на Заев? Нели Заев и неговата екипа водеа изборна кампања ветувајќи дека ќе ја искоренат корупцијата?“, ќе кажете, по што би требало, во стилот на Џереми Кларксон, да додадете „но згрешивте“Еве извадок од текст на Балкан Инсајт (можат да бидат корисни од време на време) во кој се вели дека „Во својот втор извештај за имплементација објавен во четвртокот, Групата држава против корупција ГРЕКО оцени дека во Македонија не бил постигнат забележителен напредок во спроведување на препораките за борба против корупцијата меѓу пратениците, судиите и обвинителите“. Вреди да се потсетиме дека Македонија во јуни не доби датум за почнување на преговори со ЕУ, но и беше речено дека ова прашање повторно ќе може да се отвори во јуни 2019 година, доколку Македонија постигне доволно напредок на прашањата како што е корупцијата, и тогаш можеби ќе добие датум за почнување на преговорите.

И конечно, за односите со јавноста. Владата на Зоран Заев воведува државно финансирање на политичките кампањи и нови начини за контролирање на интернет медиумите, две работи кои ги критикуваше во минатото.

Се чини дека нивната дволичност нема граници.

loading...