Холандски академик: ЕУ ја очекуваат серија „делумни излези“, а потоа и целосен распад

АКЦИЈА
loading...

Денешен.мк

Незадоволството од Европската унија наскоро може да доведе до серија „делумни излези“ од системот на ЕУ што ќе доведе до распад на блокот, предупредува холандскиот академик Ханс Волард.

Експертот за политиката на ЕУ за британски Експрес предупредува дека Брисел ќе ги види првите фази на својот крај затоа што членките на ЕУ полека почнуваат да бараат националните влади да имаат повеќе контрола.

Професор Волард тврди дека наместо брз распад, политичкиот систем на ЕУ првин ќе се потресе од серија „делумни излези“ поттикнати од несогласувањето со европскиот проект.

„Очекувам многу актери, дали се тоа партии, влади, земји-членки, дека ќе покажат дека не се многу желни да останат во ЕУ затоа што не се задоволни од ЕУ. Наместо целосно да ја напуштат Унијата, односно да ја искористат опцијата за тотален егзит, тие попрво би се повлекле делумно од политичкиот систем“, смета угледниот холандски професор.

Тој смета дека членките ќе ја повратат својата автономија на тој начин што ќе стават крај на европското законодавство или ќе престанат да одвојуваат пари за европскиот буџет.

Волард смета дека членките ќе продолжат да веруваат оти „да се остане е подобро“ отколку да се напупшти комплетно ЕУ. Тој притоа го спомнува примерот со Грција, каде преовладало мислењето е дека е подобро да се остане, односно дека е помало зло отколку да се излезе од Унијата.

loading...