Се слушаат „бомби“ во случајот „Титаник“, главен во снимките Миле Јанакиевски

АКЦИЈА

Во Кривичниот суд денеска се слушаа неколку десетици разговори кои ги водел екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски со повеќе соговорници на 30 мај 2011, на само една недела пред вонредните избори што се одржаа на 5 јуни. Најголем дел се со лица на високи позиции во повеќе институции.

Јанакиевски ги координира партиските активности за Гевгелија каде на свој сопартиец му наредува ,,се што е во државна адмимистрација да не оди на работа до избори“, туку да оди од врата до врата и да води пропаганда за ВМРО ДПМНЕ.

Во друг разговор тој му се јавува на командирот на полицијата во Радовиш кому му вели:,,Слушнав дека имате влијание во Конче,може ли да одите врата до врата“, прашува Јанакиевски, на што командирот безпоговорно прифаќа.

Од друг разговор се слуша дека Јанакиевски испраќа и список на војници до партиски член во Министерството за одбрана, дека договара и печатење на 20.000 нови партиски флаери и превоз на иселениците кои ќе гласаат за ВМРО ДПМНЕ од Канада, Шведска и Италија.

Јанакиески наведува фирми преку кои ќе оди плаќањето за автобуски превоз во 4 европски држави на наши иселеници до гласачките места, на што соговорникот вели дека тоа ќе чини 6.000 евра, а Јанакиески прашува: „Да не е многу“.

Во една од бомбите презентирана денеска од разговорот е воден два дена пред изборите во 2011 година се слушна и гласот на актуелниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Дерковски.

Како тогашен директор на Македонска железница, Дерковски добивал инструкции од Миле Јанакиески за ангажирање на членовите на партијата за лепење плакати и тоа на партијата СДПМ, која како кандидат предложуваше двојници на СДСМ, како Рада Шеќерова.

-Во 7 во штаб, до 9 да излезат од месните и општинските комитети, во 10 да излезат нивни роднини и пријатели, а до 12 часот да излезат сите вработени, му вели Јанакиески на Дерковски.

Меѓу повеќето десетици разговори што денеска се слушнаа во судницата, а се однесуваа на Јанакиески што ги водел во само еден ден (30 мај 2011), е и со ексдиректорот на УЈП, Горан Трајковски од кого бара да се затворат дуќани во ромското маало во Струмица, во кои според Јанакиески има брашно кое Заев наводно ќе го делел на Ромите.

-Да не мрднат со инспекции дури не ги затворат дуќаните, нарачува Јанакиески. „Си оди циганот во дуќанот и си зема брашно…“

Освен со Трајковски, Јанакиески разговара и со Влатко Чинговски и со неколкумина сопартијци од кои едниот го прашува како да го затворат дуќаните, на што Јанакиески предлага: „Кажете дека брашното е кацерогено“.

Партиската машинерија се активира за Прилеп

Jанакиески станува нервозен или како што самиот вика ,,ушите ми зујат и срцето забрзано ми чука“, кога Владимир Божиновски, во десетминутниот телефонски разговор му кажува дека паѓа поддршката за ВМРО ДПМНЕ во 4 изборна единица.

,,Ме попари“, вели Јанакиески, а Божиновски одговора дека можеби и тој направил грешка во анкетата, но дека трендот е надолен.

-Ич не ми е јасно, вели Божиновски и пцуе по политичките конкуренти – СДСМ и го советува Јанакиески ,,да продолжи јако до крај“.

По ова Јанакиески бара совети од сопартијци како да го поправат партискиот рејтинг, па се слушаат предлози ,, невладина организација да му даде награда на Миле“, да се најави голем проект како Прилеп 2014, да се истура зејтин, брашно се што може и да се договораат ,,ексклузивни“ интервјуа со Миле Јанакиевски.

НОВА ТВ

loading...