Се шират лажни постови во името на #Бојкотирам со цел да се измамат граѓаните да гласаат

АКЦИЈА
loading...

„СДС и Калето во обид да ги изманипулираат тие што сакаат да го бојкотираат референдумот: шират пост во кој им советуваат на луѓето да бојкотираат така што ќе отидат на гласање ама да го пречкртаат ливчето. Ова е измама: ако гласаш (за, против, неважечко ливче, сеедно) се броиш дека со излегол и придонесуваш референдумот да биде успешен. Дури и ако гласаш против или ставиш неважечко ливче, они ќе најдат начин да те бројат за. Единствен сигурен бојкот е ДА НЕ ИЗЛЕЗЕШ на денот на гласање“, пишува на Фејсбук Цветин Чилиманов со цел да ги разобличи подмолните местенки од типот на оваа во прилогот, во која се повикуваат гласачите да го прешкртаат ливчето, демек така се бојкотирало.

Иако никој со грам памет не би наседнал на вакво нешто, важно е да се има увид во тоа какви сé тактики користат „северноцрпнатите“ (што би рекол Русјаков) со цел да приграбат уште по некој гласач на референдумот за кој се видно исплашени дека ќе им пропадне.

 

loading...