Проектантот на мостот во Џенова предупредил уште во 1979-та: Се што градеа тие се урна!

АКЦИЈА
loading...

Мостот Моранди се урна поради големиот пропуст при изградбата на потпорните столбови поради кои конструкцијаа не можеше да ја издржи тежината на густиот сообраќај, тврди инженерот Саверио Ферари, кој работел за компанијата која го градела.

Тој недостаток и фактот дека властите не го пренасочувале тешкиот сообраќај кон алтернативните патни правце се главни причини за смртоносната катастрофа, рече пензионираниот инженер.

„Работев за компанијата „Кондоте“. Се се рушеше секаде каде што тие беа вмешани“, рече тој.

„Кога го градеа мостот, носечките столбови не се направени така да издржат земјотрес“.

-Рикардо Моранди, проектантот на мостот по кој и го добил името, бил свесен за тоа и се жалел на градежниот тим, објаснува Ферари.

Според неговите зборови, истражувањето на издржливоста на носечките столбови е изведена криво-лево и мостот само две години по пуштањето во сообраќај покажал големи недостатоци.

„Моранди бил бесен на одговорниот инженер, му рече дека мостот мора да има специјални носачи за да издржи. Тестотвите траеја 5 дена. Хемиската реакција на бетонот не можеше да се заврши во тој рок, но тие сепак продолжија да градат“, вели тој.

Тоа како и фактот дека „не ги пренасочуваа возилата на алтернативните правци кога сообраќајот е најгуст од 1980-тите па наваму се причини што мостот се урна, вели тој.

Сител

loading...