Јанис Варуфакис: ЕУ не ѝ помогна на Грција, туку на германските и француските банки

АКЦИЈА
loading...

Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, посочи денес дека Европската унија „ја наметна т.н. финансиска помош” за Грција за да ги спаси германските и француските банки кои беа изложени на ризик од колапс по економската криза во 2008 година.

Грција успешно излезе од тригодишната програма за финансиска помош со ЕУ откако позајми итен заем од 55 милијарди фунти за да се справи со својата должничка криза, пишува денешен бртиански Експерс.

Но, Варуфакис изјави за програмата „Денес“ дека Грција била принудена за помошта со што им се помогнало на Германија и на Франција: “Прво нешто е дека грчката економија никогаш не беше откупена или спасена“.

“Она што се случи беше дека институциите-доверители на Европската унија, заедно со Меѓународниот монетарен фонд, во состојба на паника во врска со француските и германските банки кои се распаѓаа по кризата во 2008 година, им наметнаа на Грција т.н. програма за финансиска помош.”

Варуфакис продолжи: “Тоа беше помош за француските и германските банки. Откако Грција ја претворија во постојана мртва колонија, тие неодамна решија да прогласат победа. Да го цитираам Тацит: “Направија пустина и ја нарекоа мир”, „ја ставија Грција во трајна кома и ја нарекуваат стабилност”.

Денешен.мк

loading...