Записите на Французинот Берар и Русинот Петрјаев за посебноста на Македонците

АКЦИЈА

„Порано Македонија беше растргнувана помеѓу четири или пет странски пропаганди: српска, влашка, грчка…, сите со двоен карактер, националистички и религиозен, барајќи припојување кон Грција, Бугарија или Србија…, потпирајќи се на српската, грчката или на бугарската црква. Овие црковни национализми денес и го отстапија местото на една федералистичка и револуционерна организација која би сакала да се потпре единствено на староседелскиот елемент; таа бара пристоен живот за Македонија и за Македонците, а при непостоење на политички права и привилегии, бара барем административни реформи и посебна влада. (Виктор Берар, 1904 г., La turquie et l’hellénisme contemporain, La Macédoine)

Не е само Французинот В. Берар, туку и Русинот А. Петрјаев:

„МАКЕДОНИЈА (термин поскоро политички, отколку географски) опфаќа во себе дел од провинцијата на Европска Турција; имено вилаетите: Солунскиот, Монастирскиот и околу половина од Косовскиот. Нејзиното население би можело да изнесува приближно до 2.500.000 души. Според општопроширеното мислење, што го потврдува и турската официјална статистика, тоа се состои од Турци, Албанци, Грци, Бугари, Срби, Куцо-Власи, Евреи и Цигани. Во самата сушност, доколку бидат изделени од оваа класификација наполно определните и самостојни типови: Турците, Евреите и Циганите, елемент придојден, којшто си ја сочувал својата индивидуалност, тогаш останатото население претставува самото по себе свој, наполно посебен, смешан „македонски“ тип, којшто е неможно да биде подведен под ниту една од познатите етнографски групи. Сите именувања, што му се даваат нему – Бугари, Грци, Срби, Албанци и Романци (Куцо-Власи) се јавуваат единствено како политички етикети, што му ги натрапуваат соседните со Македонија балкански држави, вака или инаку заинтересирани за нејзината судбина…“
(Александар Петрјаев, долгогогодишен руски дипломатски претставник во османлиската држава, извештај од 17.12.1909 г. )

Од Фејсбук профилот на Наташа Котлар, професорка на Институтот за национална Историја (ИНИ)

loading...