Твитерџија го опиша типичниот македонски предавник: Не се жени, алергичен е на македонска музика…

АКЦИЈА
loading...

Твитерџиите со „уметнички“ имиња „makedonski bukvalista“ и „octopus#Бојкотира“ се главните ликови на дуелот за македонскиот патриотизам на оваа социјална мрежа, кој заслужува поголемо внимание од медиумите, но и од социолозите, политиколозите…

Дуелот почна со провокацијата на „makedonski bukvalista“, кој просечниот македонски патриот го опиша вака:

Македонски патриот, купува жена од Албанија за 500 евра, аплицира за бугарски пасош, сечи вени на Цеца, и оди на Егејско Море на одмор.
Zajef predavnik, ja prodade Makedonija.

На тоа, „octopus#Бојкотира“ му врати со краток опис на типичниот македонски предавник, особено оние по социјалните мрежи, пред сé Твитер:

Македонски предавник: не се жени, алергичен е на македонска музика, се воодушевува на се што не е македонско, плука по Македонија шо не му дала ништо, се поклонува на светски мешетари и за одреден надомест им ги бакнува нозете и оди на одмор 20 дена низ Европа, пошо Охрид смрди!

Малку подоцна, овој првиот го блокирал овој вториот.

Извор: Експрес.мк

loading...