Kолач со јаболко: Вкусен, а се прави од најевтини состојки (Видео)

АКЦИЈА
loading...

Неодолив вкус, се прави за миг, а секогаш ќе барате парче повеќе!

СОСТОЈКИ:

4 јајца
100 гр ореви
100 гр гриз
50 мл масло
100 гр шеќер
2 јаболка
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
200 мл јогурт
цимет

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Разматете јајца со шеќер, додајте мелени ореви, гриз, прашок за печиво, масло, рендани јаболка, јогурт и малку цимет. Сè добро изедначете и ставете во намастен плех.

Печете на 200 степени околу 40 минути. После 15 минути печење, извадете го плехот од рерна и прекријте го со алуминиумска фолија.

Кога ќе го испечете колачот, посипете го со ванилин и шеќер во прав. Исечете го дури кога малку ќе се излади.

Колачот се прави лесно, состојките се евтини, а вкусот е фантастичен. Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

loading...