Бугарски историчар: Референдумот ќе одреди дали Македонија ќе стави крај на лагите во македонските учебници

АКЦИЈА
loading...

Неверојатна поддршка пристигнува од Бугарија за референдумот за промена на уставнот име на Македонија. Воглавно поддршката пристигнува од бугарските политичари и историчари. Само последен во низата кој даде поддршка од Бугарија за македонското самоукинување е бугарскиот историчар Стефан Иванов кој вели дека референдумот ќе биде тест за тоа дали Македонија ќе стави крај на како што вели лагите напишани во македонските учебници. Според него, Бугарија има интерес референдумот за самоукинување на 30- септември за да успее.

„Тоа ќе биде тест во која насока сака да продолжи Македонија – дали ќе биде во сенките на минатото или ќе се зближи со ЕУ и ќе ги надмине лагите што ги пишува во македонските учебници“, вели историчарот.

Според него приказната дека Македонија е нешто поинакво од Бугарија е лажна руско-српска приказна, а Србија е авторот на македонската идеа.

„Големото прашање е дали ќе се вратиме кон фалшливата руско-српска приказна дека Македонија е нешто поинакво. Интересите на Балкански Полуостров минуваат низ Србија. Србија е автор на ‘македонската идеја’“, додава историчарот.

Тој вели дека Македонците имаат шанса да пропадне референдумот и да бидат нешто различно од Бугарите или пак да успее референдумот и да се свртат кон Бугарија.

„Во моментов изборот е меѓу минатото и иднината. Македонците можат да посакаат да се различни или да се вратат назад и да свртат кон Бугарија“,

За крајот бугарскиот Историчар Стефан Иванов за бугарската телевизија Он Ер вели дека Бугарите во Македонија во огромен број го поддржуваат референдумот.

„Бугарите во Македонија се единствени и категорично стојат зад референдумот“.

Инфомакс

loading...