За уши ќе ве носиме на референдум! Законот нема да се почитува

АКЦИЈА
loading...

Претседателот на надзорниот одбор на МИА (Македонска Информативна Агенција), Зоран Иванов, во фејсбук дебата истакна дека и покрај тоа што сака да е “легалист“ сега нема потреба да се почитува законот и граѓаните треба „за уши“ да се носат на референдумот.

-И јас сакам да сум “легалист“ ама (генерално за во Македонија), тоа е мисловна именка. Затоа сега нема закон – сите “за уши“ па на референдум. Во интеграции макар “неправно“. Ова токму во функција и овде во Македонија конечно да проработи правото, тоа е мотивот. Кога еволуцијата е бавна, проработува револуцијата, само да е “просветлена“, да води кон европски вредности. – напиша Иванов.

Инаку Иванов е долгогодишен новинар кој во мемнтов се наоѓа на јавна функција, како претседател на надзорниот одбор на МИА.

loading...