Никовски – Датумот за преговори со ЕУ е лага, Бугарија и Грција ќе ја блокираат интеграцијата на Македонија

АКЦИЈА
loading...

Датумот за преговори за членство во ЕУ е чиста лага, Брисел одлучи да го разгледа повторно нашето прашање во јуни следната година и евентуално да ни даде датум за преговори доколку се исполнат одредени услови кои ги постави, вели за А1он и Макфакс поранешниот амбасадор, Ристо Никовски кој е познат по своите ставови и согледувања за спорот и зачувувањето на името на Македонија.

– Клучот на проблемот е во фактот дека ова е нова потврда дека Македонија и другите кандидати освен Црна Гора немаат теоретски шанси да влезат во ЕУ пред 2033 година. Македонија утре да ги започне преговорите ќе и требаат најмалку 14 или 15 години да ги заврши и тоа, доколку се оди идеално, а да бидеме јасни, на патот кон Брисел на разгледување на тие 33 поглавја, Македонија ќе има тешки сопки, пречки од Бугарија, Грција и други земји за да на крајот да ги затвори сите поглавја и влезе во Унијата, вели Никовски.

Според него, договорот со Грција за промена на името е класична капитулација бидејќи, како што вели, Македонците со тој договор се откажуваат сами од себе, а не добиваат ништо за возврат од Брисел.

– Македонија уште утре да беше примена во Унијата и тоа подоцна да ги преговара тие поглавја не може да биде компензација на тоа што го направи Македонија. Државата е на почеток со тие европски интеграции, ова покажува дека беа дадени непотребни, тешки жртви, го жртвувавме националниот идентитет и не добивме ништо, не само од Брисел туку и од Грција, вели Никовски, додавајќи дека Македонија прифатила неприфатливи услови, капитулирала со двата договори и дури сега почнуваат „танталовите“ маки бидејќи договорите според него, ништо не решиле.

– Со Бугарија и Грција не е постигнат договор. Ние со Бугарија прифативме дека немаме сопствена историја, туку заедничка. Бугарија цело време реафирмира дека не можеме да влеземе во Унијата со македонизмот, односно игнорирањето на нашиот јазик не мора да го прави Грција, ќе го прави Бугарија. Тие веќе во Софија објавија дека јазикот на ПЈРМ не постои, тоа ќе го направат и во Брисел. Тоа исто така може да го направи и Грција, не во нивно име туку некоја друга држава наместо нив, рече Никовски.

Македонскиот дипломат тврди дека мали се шансите договорот со Грција да биде спроведен односно никој друг освен актуелната власт нема да прифати таков договор во кој Македонците се откажуваат од државјанството кое со договорот станува двојно.

– Многу тешко дека ќе спроведе договорот, оваа приказна ќе заврши успешно за нас, кога велам успешно мислам на тоа дека договорот нема да помине. Ние се откажавме и од државјанството кое сега е двојно, „македонско“ ќе се избрише, не може македонско државјанство да излезе од Северна Македонија. Нашите маки дури следуваат и ова ќе биде ужас до крај, вели Никовски.

loading...