Миленко: Кои ваши пријатели ќе Бојкотираат?

АКЦИЈА
loading...

Во овие драматични, а по многу што и трагични, моменти за Република Македонија, би сакал нагледно да може да ви ги претставам своите долгогодишни ставови за меѓуетничките и меѓуконфесионалните релации во Република Македонија.

Тоа се ставови кои што, со леснотијата на комуњарски преки суд (како Лазар Мојсов, Коле Чашуле и Панта Марина во случајот со Ченто, на пример), се перманентно окарактеризирувани како “говор на омраза“, “верска нетрпеливост“, неразбирање на традициите и навиките на малцинствата и слично. Тие фабрикувани обвинувања против мене, во ниту еден момент ме немаат поколебано да ги бранам своите ставови и да ги пласирам своите директни обвинувања за фашизам, геноцид, тероризам кон нас Македонците од страна на нашите соседни држави Грција, Албанија, Бугарија и делумно Србија, но и од албанката етничка заедница во Македонија. Во таа заедница де, каде исламот е доминантна религија.

Погоре напишав дека “нагледно“ ќе ви ги претставам своите ставови. Односно ќе ве замолам, долколку сте љубители на вистината а не фашисти, да го направите следниов тест, по што ќе видиме дали Миленко бил во право во однос на другите соседни народи и “мањински“ етнички заедници и конфесии во Македонија. Или можеби сум ја грешка, па стварно неосновано ширам говор на омраза.

Значи, ги молам сите оние што во директна комуникација, јавно по социјалните мрежи (најмногу на ФБ) и на други начини пред секој голем муслимански празник пишуваат и прокламираат “на сите мои пријатели од муслиманска вероисповест им го честитам тој-и-тој празник“, да го направат следното: Сите тие ваши пријатели од таа вероисповест на кој им честитате нивен верски празник да ги прашате дали ќе го бојкотираат претстојниот референдум?! Просто е прашањето, а одговорот не може да биде друг освен “да“ или “не“. Дали се сите тие ваши пријатели #Бојкотирам, или вашите пријатели не ги боли уво што вам ќе ви го сменат името и идентитетот и што ќе ви ја избришат историјата?

Доколку ви се пријатели, во онаа мерка во која вие сте им ним пријатели, во најмала рака би требало да бидат загрижени ако на нивен пријател на сила му го менуваат името и идентитетот.

А, ако не се загрижени, џабе ви се сите честитики за разно-разни празници што со години снисходљиво ги праќате.

Како потпрашање овдека е колку од тие на кои им честите муслимански празници, вам ви честитаат христијански? Јас познавам само ЕДЕН таков, а тоа е мој пријател од Гостивар од ромска националност.

Може и потпрашње за сите тие на кои им честитате, колку од нив јавно го осудиле и се оградиле од злосторствата на ден Велигден на Смилковско езеро, на пример? Има ли некој, било кој? Кога сме веќе кај верските празници, де!

Да не остане се само на албанците и муслиманите, за да докажам еквидистанца, еве уште еден тест: Сите оние што си имаат кампови во Грција, станови, апартмани, сите што се редовни гости кај некој си Јорго – значи сите што се во пријателски односи со народот јужно од нас, може ли истите прашања и дилеми ним да им ги поставите. Има ли некој, барем ЕДЕН грк, што ќе рече “Браво, треба да бојкотирате“. Таму дури и лидерот на Виножито во последното интервју застана на страната на “Договорот од Преспа“ и нашето преименување.

Истите прашања во ист контекст може да ги постават сите македочињата со бугарски пашапортчиња на луѓето од нашиот источен сосед со кои се бизнис партнери, чии камиони возат, чии компании и производи застапуваат во Македонија… Прашајте ги вашите пријатели и бизнис партнери од Бугарија дали се за или против #Бојкотирам.

Па така сите вие со камп приколку во Грчка, бизнис партнери во Бугарија и пријатели албанци (на кои им честитате разни рамазани и бајрами) во Македонија, ќе си знаете дали соживот е можен, ама да е двонасочна улица. Оти соживот не е само ние МАКЕДОНЦИТЕ да даваме а сите други да земаат. Не е тоа соживот, тоа е ФАШИЗАМ.

И на крај, доколку оваа “испитување на јавното мислење“ не ви е доволен доказ, па како оправдување го наведувате “аргументот“ дека ќе сме влезеле во ЕУ и ќе сме ги споделувале европските вредности, поставете им уште едно прашање, или проверете ги постовите на ФБ или колумните низ медиумите на македонските албанци муслимани на тема: Мигранти во ЕУ.

Видете колку од вашите пријатели на кои им честитате празници ги имаат осудено групните силување на швеѓанки од страна на мигранти муслимани, општото палење на автомобили во Шведска со молотови коктели од страна на мигранти муслимани, секојдневните немири во Франција во муслиманските енкалави, нападите од мигрантите муслимани на тинејџери, парови и стари лица во Германија, масовните демолирања на градови во Шпанија и Италија од страна на исти такви мигранти муслимани…

Видете дали има еден пост за осуда, еден пост каде се бара акција на полицијата и судовите заради “одбрана на европските вредности“, една колумна од сите самонабедени албански као-колумнисти, а во основа бивши бербери и сунет мајстори. Оти нели, ЕУ вредности ќе сме споделувале?!

Светските невладини, кои не се невладини ами се соросови активисти, домашните партии и нашите полициско-правосудни органи можат од позиција на сила, и од позиција на “Миленко е сам, а ние сме многу“ да продолжат со обвинување и репресии на моја сметка. Да, да со тоа можете да продолжите. Но, на погорниов директен и јасен пример нема да имате одговор.

Па така, бидејки “политиката е уметност на можното“ и бидејки во “политиката нема вечни пријателства, ами само вечни интереси“, не гледам зошто би бил добронамерен кон било која етничка заедница во Македонија, било кои народи во соседството и било кој бирократ од Брисел или Вашингтон ШТО САКА МЕНЕ ДА МЕ НЕМА?!!! А на сметка на убиството на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, нивниот народ, држава и конфесија да профитира!!!

#НечеМочиОвеНочи

 Миленко Неделковски Македонски

loading...