Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години го обезбеди третото место на Европското првенство

АКЦИЈА
loading...

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години обезбеди историски пласман во А-дивизијата откако го освои третото место на Европското првенство Б-дивизија во Сарево, Босна и Херцеговина.

Вообичаено нашите кошаркарски репрезентации играат симболичен настап на турнирите од овој ранг, но избраниците на селекторот Александар Јованчев покажаа дека се талентирана генерација пред која има светла иднина.

„Ова е неверојатно. Ова е тоа за кое работевме две ипол години. Им честитам најпрво на играчите и на стручниот штаб, му благодарам и на координаторот и на Македонската кошаркарска федерација, што веруваа во мене и ме поставија на чело на овој проект. Благодарам на сите кои не подржуваа и бодреа во текот на целото првенство“, вели селекторот Јованчев.

loading...