Зошто е формирана ВМРО ДПМНЕ во 1990 г

АКЦИЈА
loading...

ВМРО ДПМНЕ е основана на 17 јуни 1990 година, со одлука на основачкото собрание. Првиот конгрес на ВМРО ДПМНЕ е одржан во Прилеп на 6 и 7 април 1991 година. Прв претседател на партијата бил Љубчо Георгиевски, а прв генерален секретар Борис Змејковски. Најдолг мандат како претседател имал Никола Груевски, кој на местото претседател на партијата поминува повеќе од 14 години.

ВМРО ДПМНЕ – Македонска национална програма

ТРГНУВАЈЌИ од историската вистина дека Македонија е света, благословена и библиска земја, лулка на христијанството, мајка на православието и центар на светската писменост, и дека во Македонија е пронајдено најстарото писмо во човековата цивилизација старо 5.000 до 7.000 години пред Христос (неколку векови постаро од Месопотамиското – Сумерското),

ТРГНУВАЈЌИ од историската вистина дека Македонија е една од најстарите организирани држави во Европа, основана од Кралот Каран во 814 година пред Христос,

ЗНАЕЈЌИ дека Македонската држава е постара 38 години од Атина основана во 776 година пред Христос, а 61 година од Рим основан 753 година пред Христос,

ИМАЈЌИ предвид дека првото обединување на Македонија е извршено од Кралот Пердика во VII век пред Христос, од што подоцна настанала Македонската Империја на Филип II Македонски и неговиот син Александар III Македонски,

ЗНАЕЈЌИ дека Македонската држава ја наметна својата хегемонија над грчките полиси и Атињаните со победата во битката кај Херонеја на 2 август 338 година пред нашата ера,

ЗНАЕЈЌИ дека грчките полиси (Атина…) никогаш не ги признаа Македонија за грчка, а Македонците за Грци,

ИМАЈЌИ предвид дека Македонската држава за време на Филип и Македонски и Александар III Македонски доживеаја беспримерна слава овековечувајќи го Македонското име засекогаш и оставајќи зад себе силни траги што не можеле да ги збришат многувековните освојувачи после нив,

ИМАЈЌИ предвид дека Македонската Империја од времето на Александар Македонски, по неговата смрт, во 323 година пред Христос се разложила на 4 односно 3 моќни држави, при што Македонија останала да опстојува како посебна држава во своите тогашни државни граници,

ИМАЈЌИ предвид дека Македонија паднала под јурисдикција на Рим во 148 година пред Христос после четири војни, по што е поделена на четири провинции,

ИМАЈЌИ предвид дека Македонија е лулка на христијанството во којашто Свети Апостол Павле од 46 до 48 година по Христос ги основал првите христијански епископии во македонските градови Бер, Солун и Кавала, и по чие Евангелие и денес се чита низ целиот свет во сите католички цркви,

ЗНАЕЈЌИ дека македонскиот народ ја продолжил својата борба против римската управа (споменувајќи го востанието на Андриск и другите),

ЗНАЕЈЌИ дека во 347 година пред нашата ера Римската Империја се поделила на Западно Римско Царство и Источно Римско Царство (Византија),

ЗНАЕЈЌИ дека од времето на Христа до VII век од нашата ера Македонија станала најпривлечно место и арена на многу цивилизирани и варварски народи, за да ја приграбат територијата и да ја присвојат нејзината голема слава,

ИМАЈЌИ предвид дека во овој период на активни меѓуетнички контакти, превирања, војни и асимилации, македонскиот народ и понатаму ги зачувал своите етнички и културни белези…

Продолжува…

loading...