Вкусни кифли, пирошки или крофни готови за миг со брзо тесто

АКЦИЈА

Многумина обожаваат слатки или солени јадења направени од разно тесто. Еве еден супер рецепт за тесто од кое можете да направите што и да посакате.

СОСТОЈКИ:

4 шолји од 2 дл брашно
2 лажици шеќер
1/2 лажица сол
2 лажици сончогледово масло
500 мл млеко
1 кесичка сув квасец (11 гр)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Подготовката на ова тесто е и повеќе од едноставна. За почеток, потребно е сите состојки да ги споите во хомогена смеса. Така направената смеса се става во кеса и мирува во фрижидер два часа. Потоа тестото извадете го од фрижидер и лесно извалкајте го во брашно.

Од тоа можете да правите пирошки, лепињи или кифли. Можете да ги печете на тава или во врело масло, но и во рерна во добро намастен плех за печење.

Добар апетит!

loading...