Направете си посен деликатес за Богородичниот пост

АКЦИЈА

Направете си посен деликатес за Богородичниот пост.

МАРИНИРАНА БРОКУЛА

1 кг. брокула

5 л. вода + 50 гр. сол + 3 гр. лимонтус

Состојки за маринада:

1 ½ чаша оцет, 2 ½ чаши вода, ½ лажица шеќер, 20 зрнца бибер, 1 ловоров лист и 1 лажица сол.

Брокулата се вари во водата со додатоци (малку, 6-7 мин., затоа што омекнува во маринадата), се цеди, се става во стаклен сад. Состојките за маринада се ставаат во тенџере и се оставаат да зовријат.

Додека е уште жешко се прелива преку варената брокула и се остава да се лади без капак. Изладено, може да се стави во фрижидер. Се служи како гарнир со риба, ќофтиња и сл.

На таков начин може да се приготват тиквички, свежа зелка, карфиол и сл.

loading...