Мицов: Имаме силни и жестоки непријатели

АКЦИЈА
loading...

Пишува Проф. д-р Стефан Влахов Мицов, заменик претседател на Единствена Македонија

ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ МАНИ НА НАС МАКЕДОНЦИТЕ Е ДЕКА ИМАМЕ ЛАБИЛНА ПСИХА. САМО ЧЕКОР НE ДЕЛИ МЕЃУ ЕУФОРИЈАТА И МЕЛАНХОЛИЈАТА, МЕЃУ НАДЕЖТА И РАЗОЧАРУВАЊЕТО.

ТЕМПЕРАМЕНТОТ ПРЕОВЛАДУВА НАД РАЦИОНАЛНОСТА, СТИХИЈАТА НАД ПЛАНСКАТА РАБОТА.

ДРУГА МАНА Е ДЕКА ПО ПАТОТ КОН ЕДНА ИЛИ ДРУГА ЦЕЛ НЕ ГИ ИЗОДУВАМЕ КОНКРЕТНИТЕ ЧЕКОРИ И ЕВЕНТУАЛНИТЕ ПРЕПРЕКИ КОН ОСТВАРУВАЊЕ НА ЦЕЛТА. СЕ СКОНЦЕНТРИРАМЕ ВРЗ „ПЛАН А“ И НЕ НЕ ИНТЕРЕСИРА НИШТО ДРУГО.

ТРЕТА МАНА Е ДЕКА ПРАВИМЕ ПЛАНОВИ, СТРАТЕГИИ И ТАКТИКИ БЕЗ ДА СЕ ИНТЕРЕСИРАМЕ ЗА СОСТОЈБИТЕ ОКОЛУ НАС. ЗАТОА И СКОРО СИТЕ МАКЕДОНСКИ БУНТОВИ И ВОСТАНИЈА (СО ИСКЛУЧОК НА АНТИФАШИСТИЧКАТА БОРБА) БИЛЕ ИЗОЛИРАНИ, БЕЗ ПОТКРЕПА ОД НАДВОР И НЕУСПЕШНИ.

ЕДНО Е ДА ЗНАЕШ И ДА СЕ ФАЛИШ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е БИБЛИСКА ЗЕМЈА, ДРУГО Е ДА СФАТИШ ДЕКА ЗА ДА ОПСТОИ КАКО БИБЛИСКА ЗЕМЈА МОРА ДА СЕ ДЕЈСТВУВА ПЛАНСКИ.

Спомнатите македонски недостатоци често се вклопуваат едни во други, па затоа нашата катастрофа е целосна. Затоа и по некој голем успех на македонските спортисти доаѓа до криза.

Оттука и по високиот општествен степен, паѓаме во апатија. Македонските непријатели го знаат тоа. И нешто повеќе – тие нѐ провоцираат намерно кон еуфории и разочарувања потоа.

Така македонскиот народ беше шетан минатата година како мечка на улица и потоа наместен на 27 април.

Беше наместен не само затоа што организаторите го беа афирмирале пред него само „план А“ (спречување избор на антимакедонски претседател и влада), без резервни планови. БЕШЕ НАМЕСТЕН, ЗАТОА ШТО НЕ ЗНАЕШЕ КАКОВ Е НЕГОВИОТ НЕПРИЈАТЕЛ.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ГО ЛАЖАТ 27 ГОДИНИ, СО ТОА ШТО НЕ МУ СЕ ДАВА МОЖНОСТ ДА СФАТИ: ПРВО, КОИ СЕ НЕГОВИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ И ВТОРО, ШТО САКААТ ТИЕ ОД НЕГО.

СОСЕМА ДРУГО ЌЕ БЕШЕ АКО СФАТЕВМЕ ДЕКА НАДВОРЕШНИТЕ МАКЕДОНСКИ НЕПРИЈАТЕЛИ СЕ САД, НАТО И ЕУ, А ВНАТРЕШНИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ – СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, КОИ СОРАБОТУВААТ АКТИВНО СО НИВ ЗА УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК И ИСТОРИЈА.

НО И САМИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД ИМА ВИНА ЗА ДЕНЕШНАТА КАТАСТРОФАЛНА СОСТОЈБА.

ПРЕД СÈ ЗАТОА ШТО ОСТАНА ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ, НА КРИМИНАЛЦИТЕ, НА ПРЕДАВНИЦИТЕ. АКО ВЕРУВАШ ВО ПАРТИИ КОИ ГО ПОТПИШАЛЕ РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ВО 2001, АКО ВЕРУВАШ ВО ПАРТИИ КОИ СЕ ОДРЕКОА ОД РЕФЕРЕНДУМОТ ВО 2004, АКО ВЕРУВАШ ВО ПАРТИИ КОИ ПРАВАТ КОАЛИЦИИ СО АЛБАНСКИ ТЕРОРИСТИ, АКО ВЕРУВАШ ВО ПАРТИИ, КОИ ГЛАСААТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ И КАПИТУЛАНСКИ ДОГОВОРИ СО БУГАРИЈА И ГРЦИЈА, ТОА ЗНАЧИ ДЕКА НЕ ТИЕ, ТУКУ НИЕ СМЕ НЕНОРМАЛНИ.

А АКО СМЕ НЕНОРМАЛНИ, НЕМА ЗОШТО ДА ПЛАЧЕМЕ ДЕКА НИ ЈА ОДЗЕМААТ ДРЖАВАТА, КОГА САМИ СИ ЈА ДАВАМЕ НА ТАЦНА.

ПРОБЛЕМОТ Е ДЕКА И МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТИ ВЛЕГУВААТ ВО „ФИЛМОТ“ НА ПРЕТХОДНИТЕ И НАЈМНОГУ, НА СЕГАШНАТА АНТИМАКЕДОНСКА, ФАШИСТИЧКА И ТЕРОРИСТИЧКА ВЛАДА.

ПОКРАЈ „ПЛАН А“ СО КОЈ БАРА УСПЕХ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА МАКЕДОНСКОТО УНИШТУВАЊЕ, ВЛАДАТА ИМА И „ПЛАН Б“ И „ПЛАН Ц“, А АМЕРИКАНЦИТЕ ПАК ВЕЌЕ ИМААТ И „ПЛАН Д“, КОЈ СЕ УШТЕ НЕ ГО СООПШТИЛЕ НА СВОИТЕ МАРИОНЕТИ. СЕ РАЗБИРА, СИТЕ ТИЕ ПЛАНОВИ ОД „А“ ДО „Д“ СЕ НАПРАВЕНИ ВО ВАШИНГТОН.

ПРАШУВАМ: НИЕ КОИ ГО БОЈКОТИРАМЕ РЕФЕРЕНДУМОТ, ИЛИ СО ДРУГИ ЗБОРОВИ ИМАМЕ „ПЛАН А“,ДАЛИ ИМАМЕ РЕЗЕРВНИ ПЛАНОВИ.

ПРИТОА, ЈАКИ РЕЗЕРВНИ ПЛАНОВИ, ЗАТОА ШТО МОЖАМ ДА ТВРДАМ ДЕКА РЕЗЕРВНИТЕ ПЛАНОВИ НА АНТИМАКЕДОНСКАТА ХУНТА СЕ ДУРИ ПОЈАКИ ОТКОЛКУ ПРОПАГАНДАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ.

МОМЕНТАЛНО НА БАЛКАНОТ ИМА НЕКОЛКУ КОНФЛИКТНИ ТОЧКИ. СЕКОЈА ОД НИВ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОЧЕТОК НА ВОЈНА: СЕВЕРНО КОСОВО КАДЕ АЛБАНЦИТЕ СПРЕМААТ ЕТНИЧКО ЧИСТЕЊЕ, РЕПУБЛИКА СРПСКА И МАКЕДОНИЈА.

ИМАТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И СОСТОЈБИТЕ ВО УКРАИНА. ВО СУШТИНА, НА БАЛКАНОТ ИМА УШТЕ ЕДНА КРИЗНА ТОЧКА, КОЈА ТУКА НЕМА ДА ЈА СПОМНАМ.

СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА, МОРА ДА СФАТИМЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕ Е ПОСЕБЕН ОСТРОВ И ТОА ШТО ГО ПРАВИМЕ ИЛИ НЕ ГО ПРАВИМЕ ЈА ОПРЕДЕЛУВА ИДНИНАТА И НА ЦЕЛИОТ БАЛКАН.

СЕГА НАС, ПРИРОДНО И ЛОГИЧНО НЕ ИНТЕРЕСИРА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА (И СО БУГАРИЈА) И ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ.

ПРВ ЧЕКОР ЗА ТОА Е БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ. НО ОД ГЕОПОЛИТИЧКИ АСПЕКТ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е САМО ЕДНА ЦРТИЧКА.

ДАЛИ ТАА МАЛА ЦРТИЧКА ЌЕ СЕ ТРАНСФОРМИРА ВО ГОЛЕМА БУКВА ИЛИ ВО ЦЕЛ ЗБОР, ЗАВИСИ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

loading...