Јанкулоска за аферата “Списоци”: Тоа е, прост народ!

АКЦИЈА
loading...

Од незаконските прислушувани разговори и денеска одекнуваат во Кривичниот суд на рочиштето за случајот Титаник. Разговорите се водени во 2011 година, пред тогашните избори, а во нив се слушаат гласовите на Миле Јанакиески, Никола Груевски, Мартин Протогер, Влатко Мијалков, Сашо Мијалков, и други поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, од кои повеќето сега се обвинети.

Во еден од разговорите меѓу Јанкулоска и Протогер зборуваат за аферата “Списоци” на А1 Телевизија, кога новинарите открија дека секој вработен во државна администрација треба да предложи по 15 гласачи.

-Имаше сега на телевизија, ги наместија убаво. Им се јавуваат на тие од списоците и ги прашуваат дали ќе гласате за ВМРО-ДПМНЕ, а они да да ќе гласаме. Едни викаат ќе ми ја вработат снаата, другата и средиле за инвитро и така, му вели Јанкулоска на Протугер.

Потоа му предлага дека треба да смислат добра одбрана, ама дека не можеле да им наштетат. Јанкулоска дури коментира како граѓаните не успеале да ги препознаат гласовите на новинарките, па вели,: Тоа е, прост народ!

Но наредниот ден Јанкулоска и Протогер се загрижени за тоа што предизвикала новинарската сторија, па заклучуваат дека треба да ги тужат новинарките.

-Нема начин како да се бориме против овие А1, Време и Шпиц. Мора да ги тужиме, вели Протогер на Јанкулоска.

Таа пак му сугерира да ја тужат новинарката Сашка Цветковска за лажно претставување.

loading...