Документ на прилепчанец покажува дека и пред 100 години Македонците биле Македонци, а јазикот им бил Македонски

АКЦИЈА
loading...

Вистината пред која денеска некои се прават мутави! И пред околу 100 години, во далечната 1924 година, кога Македонија била под окупација на Кралството СХС (Кралство на Србите-Хрватите и Словенците), Македонецот бил признат како Македонец, а јазикот бил признат како Македонски јазик.

Времето помеѓу двете светски војни е период од историјата кога Македонија била српска територија во склоп на кралството СХС. Иако, уставни нации биле Србија, Хрватска и Словенија, на Македонците им била призната националноста и мајчиниот јазик кој го зборуваат.

Документот во прилог е страница од регрутна книшка на прилепчанец по потекло од село Дреновци, а го зачувал неговиот внук кој го сподели на социјалните мрежи.

Дури и тогаш, кога Македонците живееле во значително лоши услови и често биле изложени на репресија, им било признато она најсветото, а тоа е нивното име и нивниот јазик.

Колку и да звучи чудно, денеска кога живееме слободно, ние преговараме да го смениме сето тоа.

loading...