Апелација на 30 август ќе одлучува дали Груевски ќе оди во Идризово

АКЦИЈА
loading...

Апелациониот суд, на 30 и 31 август ќе одржи седница на која ќе расправа за жалбата на Никола Груевски за предметот „Тенк” за набавката на екстралуксузниот „мерцедес”.

Судијката Добрила Кацарска ја напиша пресудата за Груевски и Ѓоко Поповски на над 200 страници.

Груевски беше осуден на казна од 2 години затвор за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а Поповски за злоупотреба на службената положба и овластување.

За овој предмет за кое е осуден Груевски настапува апсолутна застареност на кривичното дело во октомври годинава, доколку нема правосилна пресуда.

loading...