Роден сум како Македонец во Македонија и не сакам да умрам како Северен Македонец

АКЦИЈА
loading...

Јас не сакам да умрам како Северен Македонец, јас сум се родил како Македонец во Македонија и името ми е Димитар, не може некој да ме прекрстува како сака, вели 84 годишниот Димитар Арџилиев кој на свои 7 години бил протеран од родното село Идомени во Егејска Македонија.

Тој во вестите на Сител Телевизија објаснува како бил протеран заедно со уште 100 деца и како со притисоци и секакви методи правеле се за да ги изгонат од родниот крај.

Кога Арџилиев конечно успеал во 1975 година да се врати во родното село неговиот чичко не само што не го препознал туку од страв му се обратил и на грчки јазик.

– Стрина ми му вика Тодор излези да видиш кој дојде и тој излегува од врата и вика на грчки кој си ти, јас викам внук ти, тој вика ќе зборувам на грчки. И вика ние имавме голема тежина, кога вас ве протераа нас мајката ни ја расплакаа, рече Арџилиев.

Децата бегалци од егејскиот дел на Македонија наскоро ќе излезат и со свој став за договорот со Грција.

Републичкото здружение на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија на 20 јули ќе објави декларација на Петтата Светска средба на децата бегалци која ќе биде упатена до Владата на Република Грција, до Владата на Република Македонија, до сите држави земји членки на ЕУ, како и до владите на Австралија и до Канада.

loading...