Прванов: Северна Македонија e решениe кои не ѝ одговара на Бугарија

АКЦИЈА
loading...

Поранешниот бугарски претседател Георги Прванов оценува дека деблокирањето на дијалогот меѓу Грција и Македонија за решавање на спорот со името е многу поволен, но истовремено изрази загриженост поради некои од можните решенија, кои се споменуваат во јавноста.

„Решението на спорот за името меѓу Македонија и Грција не треба да биде на сметка на Бугарија. Ме загрижува тоа што почнуваат да се водат разговори во насока на неколку решенија, од кои некои не се поволни за бугарската страна“, изјави во утринската емисија на БТВ поранешниот бугарски претседател Георги Прванов.

Прванов, кој беше претседател на Бугарија од 2002 до 2012 година, потсети дека Бугарија ја признала Македонија под уставното име.

„Да, ние ја признавме Македонија под уставното име, притоа бевме први кои го сторија тоа, но претставувањето на решенe како Северна Македонија се во полза на Грција, но на сметка на Бугарија“, рече тој.

Поранешниот бугарски претседател вели дека на Бугарија не ѝ е сеедно како ќе завршат овие преговори и додаде дека во еден момент ќе мора да има и некакво усогласување со бугарската страна.

„ Името Северна Македонија го вклучува Пиринскиот регион, Егејскиот регион не го коментираме, а истовремено претензиите кон Бугарија остануваат, лебдат во воздухот. Ова е нешто за кое најмалку треба да преговараат владите на двете земји“, изјави тој.

Според него, деблокирањето на преговорите меѓу Атина и Скопје е пред сѐ поради притисокот од Запад, односно од САД.

loading...