Посно „тоблероне“ – рецепт (Видео)

АКЦИЈА

Направете вкусно и посно „тоблероне“ според овој рецепт:

СОСТОЈКИ:

150 гр шеќер
2 лажици мед
1 дл кока-кола
200 гр мелени посни бисквити
200 гр посно чоколадо
150 гр маргарин
50 гр ореви
50 гр сусам

СОСТОЈКИ ЗА ГЛАЗУРА:

4 лажици масло
200 гр посно чоколадо

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

На пареа растопете ги чоколадото и маслото, па оставете да се оладат.

Триаголен калап обложете го со хартија, и премачкајте чоколадо. Стегнете во ладилник и ова повтрете го три пати, како што е прикажано во видеото.

Се топи маргаринот со чоколадо, мед и кока кола. Мешајте додека да се соединат состојките.

Се трга од оган, оставете го малку да се олади и се меша со оревите, бисквитите и сусамот.

Се полни калапот со смесата и повторно ставете во ладилник. Се сече и служи.

Сите детали погледнете ги во ова видео:

loading...