НАТО-стандардите во Македонија ги спроведува Шекеринска

АКЦИЈА
loading...

Додека министерката за одбрана Радмила Шекеринска се фали со инвестиции во АРМ и НАТО стандарди, поради нејзината неодговорност, како што обвинуваат дел од војниците, повеќе од две недели припадниците на АРМ немаат платен превоз од нивното населено место до касарната во која што се распоредени.

Војниците велат дека се снаоѓаат кој како знае и умее, некои одат со свои автомобили, други се групираат по четворица па го делат трошокот бидејќи редовни автобуски линии нема секогаш до нивните дестинации.

Војниците кои ги контактиравме велат дека откако Шекеринска раководи со министерството работните услови се драстично влошени.

На релацијата Велес – Петровец – Чојлија, платен превоз нема од 31.07.2018 односно повеќе од две недели. Додека Крушево – Кривогаштани – Прилеп и Битола – Прилеп, немаат платен превоз од 27.07.2018 односно 3 недели.

Седум релации меѓу кои : Дебар – Кичево, Гостивар – Скопје, Пробиштип – Кратово – Куманово – Скопје, Неготино – Велес – Куманово, Неготино – Кавадарци – Росоман – Градско – Скопје, М.Брод – Кичево и Самоков – М.Брод – Кичево, немаат платен превоз заклучно од 03.08.2018 година, односно 2 недели. Реалциите од Виница – Кочани – Штип – Св.Николе – Петровец и Скопје – Велес, немаат превоз од 07.08.2018.

Припадниците на АРМ коментираат дека како честитка за 18 август, денот на македонската армија Шекеринска на 17 август ќе укине уште четири линии за превоз на војската, како што се: Скопје – Тетово – Гостивар – Кичево, Штип – Св.Николе – Петровец, Скопје – Куманово и Скопје – Велес – Штип.

Војниците кои сакаат да останат анонимни прашуваат дали можеби зад непродолжувањето на договорите се крие некоја задкулисна игра од лица блиски до министерката, кои се инволвирани во бизнис зделки со превозници.

Нашите соговорници потсетуваат дека во екот на летото војската остана и без вода за пиење, како и без соодветни намирници, па наместо свеж зеленчук стражарите јадат конзервирани корнишони и постојано добиваат суви оброци. Тие велат дека или министерката не е свесна или свесно ја нарушува борбената готовност на АРМ, за што се одговара.

loading...