(Фото) Кумашинот на Зоран и ортак на Вице, затворил цел булевар за да прави зграда!

АКЦИЈА
loading...

Граѓаните одамна имаат проблеми со градењето во Скопје, а сега истиот проблем го имаат и струмичани. Градењето има свое огромно влијание во политиката и бизнисот, а неретко граѓаните се оние кои извлекле најдебелиот крај.

Уште еден скандал поврзан со градењето овој пат во Струмица каде се одвиваат градежни дејствија, а поради градежната машинерија е противправно затворен главниот булевар во градот. Од полицијата информираат дека никој кај нив не доставил барање за затворање на булеварот поради градежни дејствија, што значи дека улицата е блокирана протиправно.

Граѓаните велат дека очекуваат од локалните и централните власти да реагираат на ваквото шерифско однесување на власта и секако да има правни последици за инволвираните. Но, за последици, вмешаните највројатно ќе поминат само со јавна осуда и објавен скандал на медиумите.

loading...