Чоколаден колач без брашно готов за 5 минути

АКЦИЈА

Кога си помислувате на чоколадна торта, веднаш си помислувате на времето кое ќе го потрошите и хаосот кој ќе го направите додека ја подготвувате.

Но, ако ви кажеме дека за ова чоколадно чудо ви требаат само 5 минути и минимален напор?

Плус, нема шанса да не ви успее од прва.

Потребни состојки:

240g чоколадо за готвење
235g милерама
½ лажичка сол
Какао
Путер

Подготовка:

Премачкајте една тесна, а повисока тепсија со путер, па покријте со мрсна хартија.

Чоколадото истопете го на ниска температура, а во друг сад загрејте ја павлаката. Кога павлаката ќе стане жешка, додадете сол и измешајте.

Додадете го чоколадото и мешајте додека смесата не се соедини.

Внимателно прелијте во калапот и оставете да се олади во фрижидер или замрзнувач.

Откако ќе се стегне, чоколадниот колач сечете го на подебели парчиња, декорирајте со какао, а може и да додадете мелени јаткасти плодови.

loading...