Тричковски: Илинденското востание било автозлосторнички акт и колосална демонстрација на неодговорност

АКЦИЈА
loading...

Чие е востанието

Илинденското востание не е македонско ако како критериум го земеме денешното саморазбирање на Македонците како посебна нација. Во таа смисла востанието е повеќе бугарско.

Фактот дека по осумдесет години државен и национален развој, нацијата е во ваква хаотична ситуација, покажува дека тие што го кревале востанието не биле инфицирани со најстрашните хендикепи на македонската посебност, на квалификациите кои се над територијалните одредници.

А тоа, пак, што таа ѓурултија била, де факто, автозлосторнички акт спрема населението и спрема перспективите на народот и на територијата, колосална демонстрација на неодоговорност, со страшни последици, во многу чувствителен момент, во навечерието на распаѓањето на австроунгарската и отоманската империја, покажува дека кавгата околу националниот белег на Крушевската република би била тотално бесмислена кога на луѓето би им била сервирана вистината за овој настан.

Истото се однесува и за ВМРО како бугарска организација за ослободување на Македонија. Ние тука, во Македонија, можеме да продолжиме да мислиме така како што мислиме, да правиме лажни историски проекции и ретроспекции, но тоа е како да пумпаме вода во сопствените подруми. Во сопствените бели дробови. Жртвите на лажната историја ни го прекинуваат погледот кон Бугарија, впрочем, како и кон Грција, за Европа да не правиме муабет.

loading...