Тие што се против Договорот за името биле лудаци и ги имало три вида…

АКЦИЈА
loading...

Ако арматурата е од лаги, мостот ќе падне

Сите, и оние што се „за“ и оние што се „против“, дури и оние од Самоубиствениот вод на #бојкотирам, знаат дека на 30 септември државава треба да помине преку мост. Знаат дека на другата страна, отаде мостот, има некаква шанса за нормалност. Знаат дека на оваа страна нема таква шанса и оти веќе четврт век се давиме во мочуриште. Знаат дека нема друг, алтернативен пат.

Зошто тогаш има толку многу минери-лудаци меѓу нас кои тој мост сакаат да го разнесат и тоа додека и самите стојат на него? Зошто и некој фин процент, макар биле и малцинство според анкетите, се спремни да се израдуваат на уривањето на мостот, и тоа во моментот кога два милиона луѓе се сообраќаат по него во очајнички обид да си ја сменат реалноста без да мора да ги сменат пасошот и државата?

Мост, како и секој друг, си има своја статика. Ако статиката му е лоша, ќе падне. Ако во конструкцијата, наместо железо се прошверцува цела арматура од лаги, не мора ни да се минира, не мора да го акне ниту ГРОМ на Стевчо, сам ќе падне сосе сите два милиона луѓе.

Но, зошто? Зошто тоа некој би го правел, а некој друг доброволно би учествувал во таквиот терористички чин за тотално себеуништување до конечно себеистребување?

Мислам дека не станува збор за хомогена група луѓе, по ниедна основа. Генерално, тоа се три групи луѓе.

Едни кои ги извлекуваат жиците на лагите, претставувајќи ги како челични профили. Тоа се главно жаби, водни змии, разни влекачи и мочуришни паразити, како и по некој комарец од типот „anophelinae shilegus“ кои сакаат да опстане мочуриштето за да опстанат и тие.

Потоа има една друга поголема група луѓе кои ги шират лагите. Главно станува збор за луѓе заболени од вирусот западнонилска или македонска треска, односно тоа се единки и групи убедени дека сè што е западно и северно од Нил е Македонија со Александрија како главен град, а тие како припадници на библиската македонска раса која од завист ја мрази целиот свет, но благодарение на нивната национална и расна самосвест, никој ништо не ни може, особено сега кога имаме држава распослана на неверојатни 25.713 квадратни километри.

Се делат на повеќе подвидови: цидари-мајстори, масони, припадници на разни ложи, особено на „задња десна ложа“,антички комити, независни патриоти, интелектуалци, квазиинтелектуалци и замалцеинтелектуалци, дијаспора, вљубеници во убавините на Скопје 2014 и новопеченистарословени убедени дека кога Путин сабајле се чеша за јајцата, всушност загрижено размислува за Македонија.

И конечно, тука се оној широкораспространет трет круг на луѓе, кои лагите си ги голтаат како поп сарма, зашто не сакаат да се замараат со политика и носат немирен хејтерски дух во себе.

Кои се лагите што се обидуваат да ги „учукаат“ во арматурата на мостот? Еве ги десетте најголеми:

Колумната дочитајте ја на Призма

loading...