Шекеринска од Криволак: Македонија има што да и понуди на Алијансата

АКЦИЈА
loading...

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со заменичката на амбасадорот на САД во Република Македонија, Микаела Шварцер Блум присуствуваат на тренинг активноста која Армијата на САД во Европа ја реализира на армискиот полигон „Криволак“.

Од 1 август на „Кривилак“ веќе вежбаат 200 војници од мировните сили на САД во Косово кои до 20 август своите способности ќе ги проверат единиците од 3. сквадрон, 61. коњанички полк, 1. бригада, 4. пешадиска дивизија, (3-61 коњанички полк) од форт Карсон, Колорадо и 3 батаљон, 126 авијациски полк, од Армиската национална гарда стационирана во Бостон и Масечусетс.

„Македонија не само што ги користи ресурсите на НАТО, туку има и што да понуди кон Алијансата, а обуката на копнените сили на САД во Криволак е доказ за тоа. Односите меѓу САД и Македонија секогаш биле на високо ниво а ова е доказ дека Македонија има што да понуди. Засиленото присуство на меѓунардоните сили во Криволак, придонесуваат и за локалната економија поради зголемената побарувачка, а самото членство во НАТО ќе донесе стабилност и сигурност за подобра економија во целата држава. Ние сме убедени дека граѓаните го поддржат членството во НАТО“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска.

Заменик амбасадорката на САД, Микаела Швајцер Блум во своето обраќање ја иста големата благодарност и поддршка кои САД и ја даваат на Македонија.

„Благодарни сме што имаме прилика да вежбаме овде, САД секогаш бил поддржувач на Македонија и на регионот. Навистина Македонија има што да понуди. Членството во НАТО на Македонија, за кое се надеваме дека граѓаните ќе го поддржат, ќе.придонесе за просперитет и стабилност во Македонија и регионот“, рече Блум.

Извор: 1тв

loading...