Македонската дијаспора од Австралија ја повикува МПЦ на поддршка за Агатангел

АКЦИЈА
loading...

Macedonian Orthodox Diocese of Australia – Sydney (MODAS)

Македонска Православна Епархија за Австралија – Сиднеј

Perth Adelaide Melbourne Geelong Canberra Queanbeyan Sydney Newcastle Gold Coast Brisbane

PO Box 12 North Perth Western Australia 6906

Ваше Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј

Во име на Македонската православна епархија на Австралија – Сиднеј, која е под вашата надлежност, би сакале да ја изразиме нашата најдлабока загриженост околу привидната поддршка и помош што Светиот Синод на Македонската православна црква навидум и дава на компромитираниот режим на Зоран Заев и албанската коалиција на СДСМ. Овој режим ја става тесната политичка експедитивност пред легитимните национални интереси и стремежи на македонскиот народ во Република Македонија, во окупираните територии на Македонија и дијаспората низ светот.

Ние целосно го поддржуваме и му честитаме на Митрополитот Агатангел за неговиот храбар и принципиелен став во одбрана на нашето име и идентитет и со најискрена почит ве повикуваме вам и сите членови на Светиот Синод да го поткрепите Дедо Агатангел и да покажете дека Македонската Православна Црква навистина се грижи за иднината на нашата земја и националните интереси на Македонија, како што сте правеле низ историјата на Македонија.

Понатаму, ја повикуваме Македонската Православна Црква отворено да застане зад принципиелниот и храбар став на нашиот претседател Георги Иванов, кој силно ги брани интересите на нашата земја и нашиот народ наспроти огромните притисоци на оние кои што работаат и планираат да нè уништат. Никој не бара од Македонската Православна Црква да ја брани политиката на било која политичка партија, туку само го повикуваме Светиот Синод да го брани македонското име и идентитет.

Молчењето или немањето политички став при сегашната трагедија која се заканува да ја уништи нашата земја не е прифатлива опција и може само да резултира со тоа нашата Македонска Православна Црква сериозно да ја изгуби почитта на нашиот народ кога тој очајно бара водство и единство за надминување на закана која надвиснала над нас.

Го повикуваме Светиот Синод на МПЦ веднаш да ги повлечат сите барања МПЦ да се претвори во подреден огранок на било која друга православна црква. Признавањето на МПЦ од други православни цркви мора да се заснова врз принципите на еднаквост и взаемна почит и да се случи со прифаќање на нашето вистинско име, Македонска Православна Црква (О.А.)

Го повикуваме Светиот синод на МПЦ подитно да се произнесе и решително и отворено да повика на тотален бојкот на овој референдум и воедно официјално да ја поддржи кампањата “Бојкотирам” во Македонија.

Со почит и поздрав,

Крис Ангелков

Секретар на Македонската православна епархија на Австралија – Сиднеј

Извор: Македонска Нација

loading...