„А кои сте вие? Та помали сте и од прашинка во споредба со Нејзиното Време, а се засиливте Името да Ѝ го смените“

АКЦИЈА

Само оној кој Ја Љуби не се откажува од Неа , Бог Ја создал , Ѝ дал име , Ѝ дал Вечност , Ја посетил многупати преку своите Светии , своите Синови и Ќерки , Ја Благословил , ..

А да ве опитам ,кои сте вие ? Што ако си изгледате големо и важно , смртници сте ,та помали од прашинка во споредба со Нејзиното Време , а отаде Времето во кое Таа Битисува ,ве нема, а во ова кратко ваше линеарно време овде на Земјава, една невидлива отсечка сте.

Играјќи си ги улогите во Мајава, се засиливте Името да Ѝ го смените , се дрзнувате зајапурено со усти полни некакви немакедонски думи и пораки , возгордеани името и идентитетот на сите Македонци низ сите времина да им го избришете ,сакате да заокружите да непостојат , да заокружите и дека не постоеле.

Сакате сите Дарови од Неа изродени , од Нејзините Деца дадени на светов , да им ги препишете на други понови народи , калемени, дотерувани, фалсифукувани , да им ги натрупате торбите веќе полни од грабежот што го вршеле , и рацете крвави да им ги целивате да им се смеете и да се чувствувате корисни , употребени и пофалени од Оној кој води долга војна овде на Земјава за душите паднати да не станат и ако се може, додека се може да чини зулуми, неправди, да руши и брише , да се дуе од гордост на проклетијата кога во домот на некого ќе ја спроведе преку одродените !!

Не си поигрувајте со СВЕТЛИНАТА , со МАКЕДОНИЈА !
Македонија Вечна ☀👑🌺🌀💖

Фејсбук статус на Наталија (Македонска) Кичеец

loading...