Димитров: Шарената револуција била од храброст, а #Бојкотирам од страв

АКЦИЈА
loading...

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, веројатно алудирајќи на колумната на Арсим Зеколи, порача дека не може да се повлекува паралела меѓу шарената револуција и движењето „бојкотирам“, бидејќи, вели тој, бојкотирањето на референдумот е повик за багање од одговорноста.

„Шарената револуција е жед за ОДГОВОРНОСТ во ситуација на јавно разоткриен криминал. Кога потфрлија институциите, граѓаните преземаа одговорност, барајќи правда.

Бојкотирам е повик за НЕОДГОВОРНОСТ, за бегање од одговорност, за немање глас за сопствената и иднината на Македонија, исправена пред историска раскрсница.

Да се размислува за некакви паралели меѓу нив е исто како да се става равенство меѓу храброста и стравот, меѓу активниот граѓанин кој се осмелил да прогледа во темница и пасивниот поданик кој се плаши да отвори очи во светлина“, напиша Димитров.

loading...