ВМРО ДПМНЕ: Бришењето на зборот Македонија значи директно загрозување на македонскиот идентитет

АКЦИЈА

Повторувањето на те едни исти соопштенија од Центарот за комуникации на СДСМ само ја потврдува летаргичноста и некреативноста на СДСМ како партија која за сметка на тоа целосно е посветена кон разграбување на државата, криминал и корупција од огромни размери. Капитулацијата која ја потпиша Заев нема да се покрие ниту со стерилни пресови и соопштенија, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека единствената пречка за напредок на Република Македонија е Зоран Заев и неговите луѓе, а иднината која ја нуди СДСМ веќе ја видовме, тоа е изневерени очекувања, криминални тендери, хедонизам, и корупција.

– СДСМ со капитулантскиот договор меѓу другото го загрози и институционалниот идентитет. Смената на имињата на сите државни институции и бришењето на зборот Македонија значи директно загрозување на македонскиот идентитет. Но Република Македонија има и друг проблем, а тоа се криминалиите кои станаа основен белег на оваа власт. Со вакви антидржавни политики на Заев и СДСМ нема да се доближиме до ЕУ и НАТО. Народот знае дека за Македонија да победи, Зоран Заев мора да си замине, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

loading...