Носен на раце, Гоце си дојде дома!

АКЦИЈА
loading...

Извадок од колумната на Бошко Нацевски за Плусинфо

 

Бугарската министерка, со една своја изјава, им забележува на бугарските социјалисти дека тие се виновни што коските на македонската револуционерна легенда Гоце Делчев од Софија биле префрлени во Скопје.

Патот на моштите на македонската револуционерна икона, за волја на вистината, всушност, е многу поинаков. Неговите посмртни останки, во саркофагот што го изрезба стариот копаничар Нестор, не дојдоа во бугарска политичка кочија, туку на лафет и на раце беше носен од Македонците од бугарската престолнина до главниот град на Република Македонија. Македонската емиграција со поебен пиетет од Софија ги испрати коските на револуционерот, за да најдат вечен спокој во македонската метропола, што беше нивна синовска желба, но и негов аманет.

Кога коските на Гоце Делчев минуваа, низ Пиринска Македонија кон црквата „Свети Спас во Скопје“, народот патиштата ги постилаше со цвеќе и солзи.

За да ги елиминираме сомнежите, ќе пренесеме дел од написот во бугарското еминентно гласило ,,Работническо дело”, објавен на 3 октоври 1946 год. непосредно пред тргнување на свечената поворка со Гоце за татковината:

„Македонската трагедија се изразува и во тоа што останките на Гоце се во Софија, а не во главниот град на македонската држава… Беспорно е дека полното слевање на Гоце со македонската држава е неопходност”, пишува ,,Работническо дело” и притоа соопштува дека „македонската влада изрази барање, а Сојузот на македонските братства во Бугарија се согласи, останките на Гоце да бидат пренесени во Скопје”.

Впрочем, Сојузот на македонските братства, асоцијацијата на многуилјадната македонската емиграција во Бугарија, во дваесетите години на минатиот век го организира и тајното ископување на моштите на војводата од гробиштата во село Баница, егејскиот дел на македонија, денес во Грција, и ги пренесе во Софија, чувани од неа како незаменлива и непроценлива национална светост се до испраќањето во Македонија.

Историјата се потпира на факти, а не на емоции и политички калкулации! Тоа беше патот по кој македонската револуционерна легенда, кукушкиот војвода, носен на рацете и во срцата од неговите признателни собраќа, си дојде дома. Во Република Македонија!

loading...