54% од Македонците се против Договорот, само 32.4% се за

АКЦИЈА
loading...

Истражувањето на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) покажува дека на претстојниот референдум 43,2 отсто од граѓаните би гласале „за” промена на името, 22 отсто „против”, а 22,7 отсто од испитаниците рекле дека ќе го бојкотираат референдумот. Одговорот не знам како ќе гласам го избрале 12 отсто од испитаниците.

Анкетата е спроведена помеѓу 6 и 10 август на 1.110 полнолетни испитаници.

Од испитаниците кои одговориле дека на референдумот ќе гласаат „за“, 32,4 отсто се етнички Македонци, а 80,9 отсто се етнички Албанци.

Бројот на етнички Македонци кои одговориле дека ќе гласаат „против“ е 26,2 отсто, а 27,8 отсто од нив одговориле дека ќе бојкотираат.

Од етничките Албанци 10,1 отсто одговориле дека ќе гласаат „против“, а 1,9 отсто дека ќе бојкотираат.

Во однос на рејтингот на политичките партии, според одговорите на оваа анкета може да се види дека расте рејтингот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, а опаѓа довербата на граѓаните во владеачката партија СДСМ.

Ако се споредат резултатите на анкетата на ИПИС спроведена од 13 и 17 јуни и оваа анкета рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ во август годинава пораснал за 3,4 проценти или вкупно 25 проценти. Рејтингот на СДСМ паднал на 24 проценти во однос на јуни кога бележел 26,1 процент.

Во анкетите на ИПИС во јуни и август граѓаните ги изразуваа своите ставови за поддршката на политичките партии, а во второто истражување и ставовите за претстојниот референдум. Целта на истражувањата беше да се анализира ефектот на договорот со Грција врз поддршката кон политичките партии.

Доверба и раст на рејтингот на опозициската партија покажа и неодамнешната анкета на МЦМС. Тука опозициската партија има рејтинг од 24 отсто, или раст за 3,4 проценти споредено со нивната анкета во мај кога ВМРО-ДПМНЕ имаше рејтинг од 20,6 отсто. СДСМ на најновата анкета има рејтинг од 24,4 отсто, а на истата анкета во мај имала 25,5 осто, што е пад за 1,1 отсто.

Извор: МКД.мк

loading...