Заев му одговори на Радев: Сите треба да внимаваме што зборуваме (ВИДЕО)

АКЦИЈА
loading...

Премиерот Заев денеска одговори на вчерашната изјава на бугарскиот претседател Радев. Радев вчера порача дека чека официјално извинување за тоа што Заев во едно телевизиско интервју Илинденското го нарече Македонско востание.

„Мора да внимамаме на духот на Договорот за добрососедство со Бугарија и да ја градиме заедничка иднина. И политичарите и експертите и историчарите, сите треба да внимаваме и да допринесуваме за градење на тоа пријателство, рече премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање за реакциите кои се појавија во Бугарија, откако нашиот премиер изјави дека Илинденското востание е македонско.

– Јас сум внимателен човек моите суети ги ставам на страна, Бугарија е партнер на Македонија. Апелирам сите заедно да ги тргнеме политичките интереси, голиот популизам и она што навистина не предизвикува да бидеме недоволно внимателни. Договорот со Бугарија го потврдивме преку нашите потписи но треба тоа да го негуваме и доградуваме и постојано да тежнееме кон градење пријателство кое од обостран интерес на двете земји и двата народи и на генерациите кои што доаѓаат. Треба сите да внимаваме и да придонесуваме во тоа заедничко пријателство – рече Заев.

loading...