Цуцуловски: Обезличување

АКЦИЈА
loading...

Во предизборната кампања Џон Кенеди се служеше со привлечната крилатица: „Не се прашувајте што Америка направи за вас, туку што вие направивте за неа.“ Звучи убаво, фино и некако демократски. И, додека црно обоените се прашуваа што направиле за Америка, се најдоа во Вијетнам. Потоа, таму се најдоа и сите останати. Но, веќе беше касно. Резултатот беше околу 60.000 загинати американски граѓани.

Во што е проблемот? Проблемот, помеѓу другото, е во тоа што сѐ што звучи привлечно не мора да е добро. Во конкретниот случај, користената крилатица има тоталитаристичка природа – на прво место не го става човекот, поединецот/единката (американскиот граѓанин), туку се поставува една апстрактна целина/тоталитет, каква што е Државата. Наместо единката/поединецот да бидат во центарот на вниманието, поставен е тоталитетот/целината, постапка својствена за секој тоталитаризам.

Така, во нацистичка Германија луѓето не се прашуваа што направила Германија (Државата) за нив, туку што тие направиле за неа; во СССР не се прашуваа што Партијата прави за нив, туку што тие прават за неа, како тие да се тука заради неа, а не обратното. На тој начин, единката е супституирана/заменета од целината/тоталитетот, кој се изедначува со интересот на моќните, богатите.

Нешто слично се случува и кај нас. Додека се прашуваме што направивме за НАТО и ЕУ, може да дојде до целосно обезличување на Македонецот.

Од фејсбук статусот на проф. Љубомир Цуцуловски:

loading...