Албанскиот принц Лека Втори: Албанија и Косово да се обединат во една монархија

АКЦИЈА

Престолонаследникот на албанскиот крал Лека Зогу, принцот Лека Втори, изјави дека Албанија и Косово треба да се обединат во една албанска монархија.

Во интервју за весникот ,,Диели” (Сонце) принцот Лека Втори вели дека ,,задача на кралското семејство е да ги симне бариерите помеѓу Албанците и да ги обедини албанските групи на Балканот “.

Тој додава дека ,,една Голема Албанија организирана во една уставна монархија ќе понудеше поголема политичка стабилност во споредба со сегашниот политички систем во Албанија”.

,,Кралското семејство секогаш ќе ја почитува волјата на албанскиот народ. Да му служиш на народот е една голема привилегија и чест”, нагласува принцот Лека Втори коментирајки ги актуелните состојби во регионот.

Макфакс

loading...