Не го споредувајте Охрид со грчки летувалишта, затоа што Охрид не е летувалиште

АКЦИЈА
loading...

Во пресрет на летото…

Не го споредувајте Охрид со грчките летувалишта, затоа што Охрид не е летувалиште туку центар на културата, писменоста и христијанството во Европа и пошироко.Не е Охрид плажата и два дуќани со гиро, ма да го има и тука.

Овде секој ден ќе и е прелаз низ минатото од 11 век, 13 век со премин на културните вредности и знаменитости се до денес, со разглед на Св.Софија чии фрески датираат од 11 век, а темелите од многу поодамна, со поглед од Самоиловите тврдини, со СВ.Јован Канео најфотографското место според National Geographic, и една од најмокните чакри во светот каде доаѓаат луѓе од цел свет за да се наполнат со убава енергија, Богородица Перивлепта…

Моќно доживување на нешто што не сте го осетиле никаде во светот, па Амфитеатарот и целиот репертоар на Охридско лето, гледање театарска претстава под ѕвезди, долни Сарај, со поглед на цело езеро.

Можност за параглајдерство, спортови на вода, гнурење, бициклизам, рибарење, планинарење по прекрасната Галичица до врвот од каде можете да ги видите истовремено и двете езера, да не спомнувам за СВ.Наум рајот на земјата полн со духовен мир, украсен со рајски птици и чист воздух и свежина..

Трпејца, рибарска населба на вода наречена Заливот на коските и избор на над 50 различни плажи од песочни до камени, зошто овде сонцето ја грее душата, а природата сета раскош ја истурила.

ФБ статус на Биљана Јаневска

loading...