Солени Рафаело бомбици

АКЦИЈА
loading...

Сите го сакаат легендарниот десерт Рафаело заради незаборавното кремасто полнење и крцкавата надворешност, па и солената варијанта ќе биде исто толку пријатно изненадување.

Погодни се за брзо мезе, додаток на ручекот или како лесна вечера.

Потребни состојки:

4 големи компири
150g шунка
150g мајонез
Малку кромид
50g рендан кашкавал
1 лажица павлака
Сол, бибер
Зачини по желба

Подготовка:

Компирот сварете го, изладете го и излупете. Испасирајте го со миксер или виљушка, па додајте ја ситно сечканата шунка, изренданиот кромид, мајонезот, павлаката и зачините.

Добро измешајте ја смесата и со раце правете бомбици кои ќе ги извалкате во ренданиот кашкавал.

Ако сакате, додајте малку „боја“ со неколку различни зачини.

Солените Рафаело бомбици служете ги оладени.

loading...