Лесен домашен леб без месење – рецепт

АКЦИЈА

Ако се одлучите да консумирате исклучиво домашен леб, тогаш ќе избегнете многу индустриски адитиви, а воедно ќе уживате во мирисот кој ќе се прошири во домот.

Овој леб е без глутен и за него не ви е потребно месење, а ќе добиете вкус и здрав леб кој сите ќе го пофалат.


Потребни состојки за овој леб:

150g просо
150g оризово брашно
50g пченкарен скроб
¼ лажичка квасец
½ кафена лажичка сол
450ml вода

Начин на подготовка:

Помешајте го брашното, солта и квасецот, па додајте вода. Немојте да ја месите смесата, туку помешајте ја за да се соединат состојките. Тестото оставете го да нарасне, покриено со пластична фолија, околу 12 часа. Готовото тесто треба да е беспрекорно меко и мазно.

Откога ќе постои, тестото лесно преклопете го од сите страни кон средината и оставете го уште 2 часа.

Рерната загрејте ја на 220 степени и ставете го огноотпорниот сад во кој планирате да го печете лебот. Садот нека се грее 15 – 30 минути, во зависност од дебелината.

Потоа, тестото ставете го во загреаниот сад и печете го 30 минути поклопено со капак, а потоа тргнете го капакот го и печете уште 15 минути.

По желба пред печењето можете да додадете семки.

Идеално за со сочниот ручек. На здравје!

loading...