Град Скопје со извинување: Грешка е објавувањето на старо видео од прскањето

АКЦИЈА
loading...

Град Скопје преку соопштение се огласија и извинија откако се појави информацијата дека наместо од денешното прскање, тие објавија видео за прскањето против комарци од 8 јули.

– Ја увидовме грешката што ја ни ја посочија дел од вашите колеги новинари, односно сме објавиле видео за почетокот на третото прскање против комарци со авион, а кое што е од почетокот на минатиот месец, односно од второто прскање. Очекуваме ново видео за прскањето против комарци кое ќе се направи утре Закажаното полетување на авионите е во 05 часот на спортскиот аеродром Стенковец, стои во реакцијата.

Потсетуваат дека прскањето со авион почна изминатата ноќ, а ќе се одвива и во наредниве три дена.

loading...