Треба ли да фатиш врска на клиниката каде ќе се пораѓаш за да те гледаат како свој?

АКЦИЈА

Смрт на родилка во една приватна клиника, грешка со бебиња во државна болница… Во осмиот месец од бременоста сум, слушајќи и читајќи ги вестиве почнав да се плашам и да размислува каде да се пораѓам.

Одам во една од државните болници за преглед чекам со саати за да ме прими докторот, а преку ред само си влагаат и влагаат ќе изреагираш и ведаш добиваш одговор дека не е така луѓето се на кратко влезен и дека се порано дојдени. Кај трудан отечена и стоиш со часови. Кога ќе успееш да влезеш добиваш отсечни одговори, да добро е легни, избриши го гелот, се гледаме за две недели, за други прашања нема време, зошто докторот не тие познат…А кога ќе дадеш 500-1000 денари за преглед таму добиваш цела листа податоци за бебето, што треба да пиеш да јадеш, кога повтрно да дојдеш и каков ќе биде наредниот преглед…Не чабе се рекло блажена состојба, но кај нас оваа состојба е стресна, секој преглед е некое испитување и така се до крајот си во неизвесност дали е се во ред со бебето кое треба да го донесеш на свет. Оди на преглед плати 300, 500,1000 денари, па нели беше бесплатно за трудници, витамини од 800 денари….и нормално купуваш се затоа што е во прашање твоето чедо кое го носиш 9 месеци во стомак.

И како што поминуваат деновите размислувам за пораѓајот дали во државна болница каде е бесплатен или во приватинте каде цените се движат од 60 до 90 илјади денари. Да земеш кредит, не можеш заглавени си, башка сакаш да му купиш на детето кревтче, количка, облека…Па се размслуваш, палшиш и наоколу прашуваш кој како поминал, дали треба врска да фатиш на клиниката каде ќе одиш за да те гледа како свој или да отидеш и да оставиш на ситуацијата. Ако си платиш ќе имаш подобар третман и згрижување.А, зошто тоа мора така да биде, тој што нема пари не е човек, не заслужува внимание?

Едно ќе кажам колку и јас да се плашам за тоа како ќе биде, кој доктор ќе биде, болката си е болка сам ќе си ја поминам ни парите што ќе ги дадам нема да ја ублажт, само со Господ напред.

скопјеинфо.мк

loading...