“Шо убаво си пројдовме” – секој си гледа во телефон и 15 минути никој не кажал ни збор

АКЦИЈА
loading...

Петок, денот убав, а јас баш денес немам со кој да излезам. Иако е топло, сепак баш би сакала да свртам едно кругче во парк. Ама, некако денес кого и да побарам е зафатен, брза некаде… Си мислам како би ме гледале луѓето ако шетам сама? Мислев и дека не би ми било проблем да седнам на кафе сама, ама сега се преиспитувам дали имам храброст за тоа…Дали е подобро да поминеш квалитетно време сам со себе или да го потрошиш времето во неквалитетен разговор сведен на оговарање. Или, нема врска што секој си гледа во својот телефон и веќе 15 минути никој не кажал збор, битно луѓето не те гледаат сам на кафе.

Кај што сите брзаат и кога ќе ги договориш иако не сте се виделе со месеци зјапаат во телефон…каде замина пријателството долгите разговри за животот…Сега е битно, кој ти пишал пораче, дали си се тагнал…и така си дремеш со кафето во рака..

Живееме еден брз и динамичен живот. Дома и работа. Тоа се тие места, тоа е таа релација каде се движиме. Забораваме на луѓето околу нас. Забораваме на опуштањето, на дружењето, на забавата… Дали навистина немаме време…

Знаеме ли каде одиме – постојано некаде брзаме… Брзаш за на работа, а потоа брзаш од работа за дома… Стоиш на семафор и се нервираш кога ќе фатиш црвено. Сакаш побрзо да си дома. Свириш, понекогаш. А, знаеш дека со свирењето нема да ти се расчисти патот… Ако те праша некој за кај брзаш… Нема да знаеш да одговориш…

Немаме слободно време, а и кога го имаме, сакаме да се изолираме од другите, да одмориме и не знаеме како да го искористиме.

Настојувајте да живете во баланс и опуштено, да откриете што ве прави среќни и да се посветите на тоа кога можете. Опуштете го умот и опуштете го телото. „Работата“ нема да ви избега.

СКОПЈЕИНФО.МК

loading...