Маленко до Поп Ацев: ПФМ не е туристичка агенција

АКЦИЈА

Пливачката федерација на Македонија преку сооптение го искажува својот став во врска со случајот на Евгениј Поп Ацев кој нема да биде дел од Европското првенство во Глазгов и да плива на трките на 10 и 25 километри.

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев кратко пред термините за негов настап на Европското првенство во Глазгов дозна дека воопшто не е пријавен од страна на ПФМ. Тој бурно реагираше на социјалните мрежи и го обвини раководството на федерацијата за неговата ситуација.

Сега од ПФМ преку соопштение ја кажуваат својата верзија на нештата. Според нив тие направиле се за Евгениј Поп Ацев да настапи на Европското првенство, но тој едноставно немал резултати оваа година на трите на 10 и 25 километри.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението на ПФМ потпишано од претседателот Александар Маленко:

Почитувани,

Пливачка Федерација на Македонија во врска со медиумските написи, коментари со навреди лични кон раководство без никаков основ, за не учество на Евгениј Поп Ацев на Европското првенство во Глазгов 2018, со ова соопштение ќе ја запознае еднаш и последен пат јавноста, како конечно би продолжиле со воведување професионализам со единствена цел – КОНТИНУИРАН ВРВЕН СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТ.

Уште во Декември 2017г. ПФМ даде согласност и одлука до Македонски Олимписки Комитет (МОК) за Олимписка стипендија 2018 – 2020г. како единствен пливач кој би добивал стипендија да биде Евгениј Поп Ацев, иако до тогаш немаше забележителен успех на Олимписка дисциплина 10км, но заради неговите досегашни успеси на пливачките маратони кои се вон Светски, Европски и Олимписки дисциплини 5км, 10км и 25км. Сите пријавувања за настап на големи натпревари биле и ќе бидат навремени за сите пливачи кои имаат исполнето критериуми како и нивниот третман без оглед за која возрасна категорија се работи. Правата и обврските на сите членови на ПФМ се регулирани со Кодекс на однесување, кој секој од Нас (раководство, пливачи, тренери, судии) го има потпишанои и секој и се води според истиот, како што е во светот на пливањето. На крај, во врска со медиумскиот случај “Поп Ацев” и Европското првенство во Глазгов 2018г., ПФМ ќе каже следно:

– прелиминарна пријава имаше уште на крај на месец Април за тројца пливачи и две официјални лица – Конфирмација (потврда) не добивме, како би пратиле финална листа на учесници, затоа што од 07.06.2018г. до 31.07.2018г., ПФМ немаше право да користи сметки, печат, службен e-mail кој беше замрзнат заради чекање на конечна одлука од второстепена комисија по жалба за тоа – кој е легитимен претседател и раководство на ПФМ. – Од 31.07.2018г. до 06.08.2018г. секојдневно беа испраќани e-mail за добивање конфирмација само и исклучиво за Евгениј Поп Ацев за трките 10км и 25км и барање за негово учество, телефонски разговори, за што на крај добивме официјален одговор во кој се вели дека Евгениј Поп Ацев “is not eligible to compete on European Championship Glasgow 2018″……

Во врска со спортски резултат во период Јануари – Јули 2018г. Евгениј ги имаше на дланка сите удобности добиени од ПФМ и МОК како врвен спортист. Но за жал РЕЗУЛТАТСКИ КОМПЛЕТНО ПОТФРЛИ НА ОФИЦИЈАЛНИ ДИСЦИПЛИНИ 10км и 25км. (еднаш пливаше и се откажа од трка во Франција Опен) на FINA и LEN натпревари. ПФМ не е ЈАВАШЛУК, ЖЕЛБОТЕКА ИЛИ НАЈЕФТИНАТА ТУРИСТИЧКА СЕМЕЈНА АГЕНЦИЈА за бесплатни тури ширум светот. ПФМ со ова раководство воспостави нормативи и критериуми кои важат за сите се со цел континуиран спортски резултат и вложување во млади таленти 12 – 16г. од кои се очекува врвни спортски резултати од денес па се до 2028г. Девизата “МОРА ДА СЕ УЧЕСТВУВА, ВИЕ НЕ ЗНАЕТЕ КОЈ СУМ ЈАС”, иако немам никаков резултат и ме нема на FINA и LEN официјална ранг листа ЗАВРШИ!!!

Македонија мора да расчисти со лажни слики на величини создавани во последната декада, ако сака да има врвен спортски резултат во пливање и секој Олимписки спорт! А за оставка на раководството, кои некои исфрустрирани личности ја посакуваат, само за да продолжи басплатната фамилијарна обиколка по светот и во хаосот да продолжи да ги користи сите удобности од државните институции, ПФМ, МОК со подршка на одредени медиуми и спортско неинформирани новинари нема да добијат. Оставка ќе поднесеме секој момент, кога до нас со факти и докази ќе пристапат сите талентирани пливачи, нивните тренери дека барем една запирка од зацртаната програма усвоена од АМС (до ден денешен нема префрлено денар за истата), и МОК не сме ја исполниле. Цела програма е финансирана во име на врвен спортски резултат од приватни средства на раководството за претставување на Р. Македонија во светот.

Со почит,

ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Претседател Александар Маленко

loading...