Ѓорчев: Врати се Коце …

АКЦИЈА

Иако од Град Скопје уверуваат дека се прска против комаци во овие летни температури, сепак, повеќето од скопјани се жалат на, како што велат, недоволниот ангажман на главниот град за спас од овие инсекти.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев ја искористи ваквата ситуација, да испрати критика кон актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов

„Пред една година Скопје ги дочека Реал Мадрид и Манчестер. Денес Шилегов не може да испрска против комарци. Врати се Коце. Толку“, посочи Ѓорчев на својот Твитер налог.

loading...